Мајчиното млеко златен стандард во исхраната на новороденчето – исклучително важно за имунитетот и формирањето здрав цревен микробиом

Светската недела на доењето, која од 1992 година се одбележува на иницијатива на WABA, СЗО и УНИЦЕФ, е можност јавноста да се информира за најновите научни сознанија за мајчиното млеко и неговото значење. Неонатологот д-р Александра Христова во изјава за МИА, споделува и најнови научни сознанија од семинар во Холандија, каде биле презентирани истражувања за олигосахаридите во мајчиното млеко. – Досега се идентификувани околу 200 гени поврзани со синтезата на олигосахариди, а се претпоставува дека ги има околу илјада. Тие претставуваат храна за добрите бактерии во цревата на новороденчето, придонесуваат за нивно размножување, го штитат цревниот ѕид и имаат антиинфективно и антивоспалително дејство, вели Христова. Во рамки на одбележувањето на Светската недела на доењето (1–7 август), здравствените работници од Општата болница Куманово апелираат мајките да не се откажуваат од доењето и покрај почетните предизвици, нагласувајќи дека мајчиното млеко и понатаму е незаменливо во исхраната на новороденчињата. Воедно, потенцираат дека квалитетот на мајчиното млеко е тесно поврзан и со исхраната на мајката. Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ препорачуваат ексклузивно доење во првите шест месеци од животот, а во кумановската болница од септември повторно ќе започне со работа школата за родителство, со нова едукативна програма за бремени жени и доилки. Мајчиното…


