МААЕ: Поправен е клучниот далновод кон нуклеарната централа Запорожје, но ризиците остануваат

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти денеска дека е завршена поправката на клучниот далновод што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје во Украина со надворешната електроенергетска мрежа, но предупреди дека објектот и натаму се соочува со сериозни ризици за нуклеарната безбедност. Агенцијата на ОН наведе дека технички сложените работи биле изведени во услови на локален прекин на огнот, постигнат со посредство на МААЕ, по обемното деминирање на теренот. Целта била да се подобри снабдувањето на централата со електрична енергија од надворешната мрежа и да се намали ризикот од нуклеарна несреќа. Сепак, поправениот 750-киловолтен далновод „Днипровска“, кој е исклучен од март, сè уште не е повторно пуштен во употреба бидејќи трафостаницата на која е поврзан, лоцирана повеќе од 100 километри северозападно од централата, претрпела сериозни оштетувања. Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, предупреди дека повторените оштетувања на електроенергетската инфраструктура од која зависат нуклеарните централи и натаму создаваат сериозни ризици за нуклеарната безбедност. Тој повторно повика на максимална воена воздржаност околу сите нуклеарни постројки и енергетската инфраструктура што им е неопходна. Гроси оцени дека локалниот прекин на огнот бил најсложениот од шесте привремени прекини што МААЕ ги посредувала од крајот на минатата година. - Беа потребни повеќемесечни внимателни преговори, потоа расчистување…
Povezane vijesti

Lekcija u devedeset minuta, triler u produžecima ili penal lutrija: Španija ili Argentina — ko će biti na korvu sveta u naredne četiri godine?

Vučji Do je pobjeda slobode Crnogoraca
