klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

МААЕ: НЕ Запорожје по 23-ти пат од почетокот на војната во Украина остана без струја

МААЕ: НЕ Запорожје по 23-ти пат од почетокот на војната во Украина остана без струја
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·01. 08. 2026. 16:41:16

Нуклеарна електрана Запорожје денеска, по 23-ти пат во текот на воениот судир, остана без надворешно напојување со електрична енергија, соопшти директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. „Тоа уште еднаш укажува на несигурната ситуација во поглед на нуклеарната безбедност на таа локација“, предупреди Гроси во објава на Х. За време на исклучувањето на последниот преостанат далевод на електраната, „Феросплавна-1“, резервните дизел-генератори обезбедија соодветно електро-напојување неопходно за ладење на реакторот и другите клучни безбедносни функции во нуклеарната централа. Причината за најновиот прекин на надворешното напојување, кој траеше речиси два часа, сè уште не е позната.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti