klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Лурковски: Сите екипи на општина Карпош се на терен за санирање на штетите од невремето

Лурковски: Сите екипи на општина Карпош се на терен за санирање на штетите од невремето
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 17:46:01

Сите расположливи екипи на општина Карпош се излезени на терен, постојано добиваме дојави од граѓаните за паднати дрва, кровови од згради,...Засега нема информации за повредени лица, информира во видео обраќање градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски. Општина Карпош има формирано дежурна интервентна екипа, која е постојано на терен и активно ја следи состојбата на територијата на општината, со цел навремена реакција во случаи на временски неприлики и други непогоди, информираат од општината. „И покрај постојаното присуство на екипите на терен, сите граѓани кои ќе забележат потреба од брза интервенција можат да пријават на телефонскиот број 071/322-790 При пријавувањето, ве молиме наведете ја точната локација и краток опис на проблемот, со цел интервентните екипи да можат да реагираат што е можно побрзо и поефикасно. Заедно за побезбеден и поуреден Карпош“.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti