Лукровски: Нов чекор кон зелен и модерен Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски потпиша меморандум за соработка со компанијата Avant Car, за реализација на проект, поточно за давање на услуга со воведување и имплементација на Систем за дистрибуција на електрични автомобили. Согласно своите надлежности, Општина Карпош ќе ја разгледа можноста за изнаоѓање на паркинг места и локации за поставување на електрични полначи, кои ќе бидат во функција на проектот. Во насока на промоција на проектот „Car Sharing“, фирмата Avant Car даде на користење едно електрично возило за потребите на Општина Карпош. Потпишувањето на Меморандумот, меѓу другото значи дека двете страни се залагаат за подобар квалитет на амбиенталниот воздух, намалување на автомобилскиот метеж и подобро користење на јавниот превоз.


