klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Лукровски: Невремето предизвика штети во Карпош, сите општински екипи се на терен

Лукровски: Невремето предизвика штети во Карпош, сите општински екипи се на терен
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 17:46:01

Силното невреме што во попладневните часови ја зафати Општина Карпош предизвика паднати дрва, искршени гранки и оштетувања на кровови од станбени згради. Сите расположливи општински екипи се испратени на терен, а според досегашните информации, нема повредени лица. Од Општина Карпош информираат дека непрекинато добиваат пријави од граѓаните за штетите предизвикани од невремето. Како најчести проблеми се посочуваат паднати дрва и гранки, блокирани улици, како и оштетени кровови на одредени згради. Градоначалникот на Карпош во видеообраќање до граѓаните соопшти дека екипите ги лоцирале критичните места и дека се формирани неколку тимови кои ќе интервенираат на целата територија на општината. – Сите наши расположливи екипи се излезени на терен. Добиваме постојани дојави од граѓаните за паднати дрва и, за жал, за оштетени кровови на одредени згради. Засега информациите се дека нема повредени лица – изјави градоначалникот. Тој информираше дека се преземаат активности за формирање координативно тело на ниво на Градот, со цел општинските и градските служби да дејствуваат организирано и координирано при расчистувањето на последиците. Градоначалникот, кој и самиот е на терен, упати апел до граѓаните што сакаат да помогнат да дејствуваат локално, во своите населби и улици. – Во моментов нема потреба граѓаните да се собираат на одредени пунктови. Ве молам…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti