klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Лукровски: Карпош е најпогодена од невремето во Скопје, експресно се санирани штетите каде граѓани останаа под ведро небо со откорнати покриви

Лукровски: Карпош е најпогодена од невремето во Скопје, експресно се санирани штетите каде граѓани останаа под ведро небо со откорнати покриви
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·23. 07. 2026. 19:59:40

Општина Карпош беше најпогодена општина од невремето во Скопје, со 250 оштетени автомобили, негде околу 85 или 90 оштетени кровни конструкции на згради, куќи и останати институции, за жал и училишта и стотина паднати дрва, вели градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, додавајќи дека штетите се огромни. Во своето гостување во Дневникот на Сител, Лукровски потенцираше дека општините и градските брзо реагираше на санирање на сите штети, за што во текот на вчерашниот ден имавме координативен состанок во градот, каде сите скопски градоначалници, градоначалникот на Град Скопје, директорите на јавните претпријатија. „Интервениравме во неколку домови каде што, буквално се под ведро небо, каде што е најитно. На едно место имаме 30 квадрати на станбена зграда, на последниот кат стан на кој му фалат 30 квадрати од покривот и директно дома им врне дожд. Сите тие ги саниравме и сега одиме со материјалните штети. Донесовме заклучок во соработка со градот да издвоиме средства, секоја од општините, да направиме фонд, да направиме комисии и се договоривме на тој начин да ги обесштетиме граѓаните“, рече Лукровски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti