ЛШ: ПСЖ ја доби Барселона со 4:2

Спектакуларен натпревар видоа љубителите на фудбалот на „Паркот на принцовите“ во Париз, каде ПСЖ и Барселона го одиграа во големото дерби од 3.коло во фудбалската Лига на шампиони. Дуелот во Париз, меѓу актуелниот европски првак ПСЖ и шпанската Барселона заврши со шест гола (4-2), а можеше да има уште толку. Првата шанса уште во 90-тата секунда ја имаше Дембеле, чиј удар од 20-тима метри заврши во стативата од голот на Барселона. На следното возбудување се чекаше до 25.минута кога Феран Торез имаше можност да го совлада Гарсија, но голманот на Барса чудесно одбрани. Само три минути подоцна, европските прваци имаа тројна шанса во еден напад, но и тогаш не успеаја да го совладаат Хуан Гарсија. Конечно иницијативата на парижаните вроди со плод во 38-та минута. Дуе ја казни лошата реакција на Јалам, па со удар од далечина ја затресе мрежата на Барса за 1-0. Само две минути подоцна, Гордон на спротивната страна имаше шанса за израмнување. Изби сам пред домашниот голман, но Русинот, Стефанов успеа да одбрани. До крајот на првиот дел, домашниот тим имаше уште две убави шанси за гол, но резултатот остана 1-0. На стартот на вториот дел, ПСЖ беше оној што ја наметна играта. Имаа уште две…

