klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Локализиран пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово

Локализиран пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·11. 07. 2026. 19:35:00

Со околу двочасовна интервенција од воздух и со формирање на заштитен појас од копно за да се спречи натамошно ширење, пожарот кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово е локализиран. Ова за МИА го потврди градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, кој очекува пониските вечерни температури да помогнат за целосна ликвидација на пожарот во утринските часови. - Пожарот во моментот е локализиран. Пресечени се приодите, односно со помош на механизација направен е појас за пожарот да не може да се шири. Се работи за многу тешко пристапен терен, гори нискостеблеста шума и среќна околност е што ТППЕ Валандово веднаш излегоа на терен со цел капацитет за да делуваат, но и брзата реакција на директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, кој ги упати авионите кон ризичното подрачје. Досега имавме околу седум налети, прво со двата, а потоа со еден авион Ер трактор, кои гаснат во непристапниот терен, изјави Камчев. Тој соопшти дека на терен покрај валандовските пожарникари, се екипи на ЈП „Македонски шуми“, ловното друштво „Oрел", полицијата која го обезбедува местото и шумската полиција. За пожарот на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма денес соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од каде информираа дека настанот е пријавен во 12:37 часот. Од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti