Локализиран пожар над Прилеп, нема опасност за манастирот Трескавец

Локализиран е пожарот кој денеска е регистриран во месноста Заград-Варош над Прилеп, благодарение на брзата, навремена и професионална интервенција на прилепската Територијална противпожарна единица, информираат вечерва од прилепската локална самоуправа. Со навремено дејствување е изграден заштитен појас, со што во моментов нема опасност пожарот да се приближи кон манастирот „Трескавец“. На терен и понатаму остануваат дежурни екипи на ТППЕ Прилеп, како и членови на Универзалната единица за заштита и спасување од јавните претпријатија, сертифицирани за справување со пожари. Сите активности се одвиваат во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, со Центарот за управување со кризи и со Општинскиот штаб за заштита и спасување. Од прилепската локална самоуправа апелираат жителите и сите сопственици на имоти, објекти и викенд-куќи во овој дел на општина Прилеп да бидат особено претпазливи, редовно да ја следат состојбата на своите имоти и да постапуваат согласно со препораките на надлежните институции, особено доколку дојде до повторно активирање или проширување на пожарот. Општина Прилеп останува во постојана комуникација со сите надлежни служби и навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни случувања. Состојбата во моментов е под контрола, а дежурните екипи остануваат на терен и будно ја следат состојбата, се вели во соопштението од локалната самоуправа од…


