klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Локализиран големиот шумски пожар на периферијата на Анкара, приведено едно лице

Локализиран големиот шумски пожар на периферијата на Анкара, приведено едно лице
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·24. 08. 2026. 18:40:46

Пожарникарите го изгаснаа пожарот што избувна во синоќа во источниот дел на турскиот главен град Анкара, објави денеска државната новинска агенција Анадолија. Пожарот во шумското подрачје во градскиот округ Мамак бил ставен под контрола по осумчасовна операција, се наведува во извештајот. Приведено е едно лице осомничено дека го предизвикало пожарот. На снимките објавени на социјални мрежи се гледа како пламените јазици го зафаќаат подрачјето на периферијата на градот. Канцеларијата на гувернерот на Анкара на платформата Икс соопшти дека во областа биле преземени ги сите неопходни превентивни мерки. Воедно е покрената истрага за причините за избувнувањето на пожарот. Турција често се соочува со шумски пожари во текот на летото, каде што сувите услови дополнително придонесуваат за нивно побрзо ширење.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti