Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието на РМ, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“, истакна дека спроведувањето на Законот е обврска на сите институции и дека неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Тој нагласи дека Законот е донесен со широк парламентарен консензус на почетокот на 2024 година, а функцијата министер ја презел неколку месеци подоцна, во услови кога не бил воспоставен Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик, ниту биле создадени услови за негово оперативно функционирање. „Недоследната и нефункционална примена на Законот не започнала со оваа Влада. Таа е резултат на долгогодишно отсуство на системски пристап, институционална инерција и недоволна политичка волја. Затоа, денес треба да зборуваме со факти, а не со политички квалификации“, истакна Љутков. Министерот посочи дека во изминатиот период е формиран Советот за македонски јазик, започната е подготовката на Националната стратегија за македонскиот јазик, лекторските испити се спроведуваат континуирано, а за првпат е воспоставен Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик, кој веќе има вработени инспектори што се во процес на обука. Љутков информираше и дека Владата ги задолжила институциите да обезбедат доследно почитување на законските обврски во…
Povezane vijesti

Spektakel za 250 milijonov dolarjev (VIDEO)

Peter Lovšin: Imamo najboljše športnike, zakaj ne bi bili najboljši tudi v politiki? #video
