klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Љутков: Фактите од ребалансот на Буџетот се јасни и проверливи

Љутков: Фактите од ребалансот на Буџетот се јасни и проверливи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·08. 07. 2026. 10:54:37

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков реагира на изнесените тврдења во дискусијата на седницата на Комисијата за ребалансот на Буџетот, оценувајќи дека тие не кореспондираат со официјалните буџетски документи. „Во политиката постојат различни толкувања, но фактите не се прашање на толкување. Во официјалниот ребаланс не постојат тврдењата дека средствата за кадровско зајакнување и инспекцискиот надзор се пренаменуваат за канцелариска опрема, ниту, пак, дека се намалуваат средствата за Агенцијата за филм или за капиталните инвестиции“, истакнува министерот Љутков. Тој нагласува дека со ребалансот се обезбедуваат 61 милион денари за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, како и дополнителни 200 милиони денари за капитални инвестиции. „Критиката е легитимна и неопходна во демократско општество, но таа треба да се темели на факти. Особено кога станува збор за буџетски документи, неопходно е внимателно и точно читање на официјалните податоци“, наведува министерот. Љутков потсетува дека пред две недели на прес-конференција биле презентирани резултатите од работата на Министерството за култура и туризам, кои, како што посочува, се поткрепени со конкретни бројки. Според него, по преземањето на Министерството во 2024 година бил наследен долг од 273 милиони денари по основа на плати, а со ребалансот биле обезбедени средства за негово сервисирање, како и дополнителни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti