klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 06. 2026. 09:40:49

Од вкупно 98 проекти и активности предвидени во Програмата на Владата во делот на културата, завршени или во тек на непречена реализација се 73. Тоа е реализација од 72 проценти. Оние што не се отпочнати се капитални инвестиции, кои се предвидени за реализација до крајот на 2034 година, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков на прес-конференција на која соопшти за активностите по преземањето на ресорот од претходната влада пред две години. Како што рече, во 2024 наследиле култура без стратегија, без јасни приоритети и акциски план, гломазна мрежа на национални установи и долг од 273 милиони денари само по основ на плати во националните и локалните установи. Нив ги обезбедиле со првиот ребаланс на Буџетот, како и дополнителни 71 милион денари за програмски активности и над 78 милиони денари за инфраструктурни проекти во општините. Следувал обемени процес на стратешко планирање и анализа за рационализација на националните установи од кои осум немале, рече, ниту просторен ниту човечки капацитет. По две години посветена работа, денес Министерството има во завршна фаза три стратешки документи - националните стратегии за развој на културата, за културно наследство и за развој на туризмот, а се работи и на суштински измени на повеќе закони. -По две…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti