Љубезноста не е пресудна: Еве како да добиете подобар одговор од ChatGPT

Начинот на кој луѓето комуницираат со четботовите базирани на вештачка интелигенција е различен – некои се љубезни, други користат закани, а трети бараат од системот да се однесува како експерт. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека повеќето од овие „трикови“ немаат значително влијание врз квалитетот на одговорите, пренесува Би-Би-Си. Според експертите, многу поважно од изборот на зборови е јасно да се објасни што точно се бара од вештачката интелигенција. Професорот Џулс Вајт од Универзитетот „Вандербилт“ смета дека суштината е во начинот на формулирање на барањето, а не во тоа дали ќе се користат љубезни изрази. Темата за љубезноста стана актуелна и по шегата на извршниот директор на OpenAI, Сем Олтман, кој изјави дека компанијата потрошила „десетици милиони долари“ за електрична енергија поради корисниците кои на четботовите им пишуваат „ве молам“ и „благодарам“. Истражувањата, пак, даваат различни резултати. Една студија покажала дека љубезните барања можат да доведат до попрецизни одговори, но ефектот се разликува зависно од јазикот и културниот контекст. Друго истражување покажало дека во одредени ситуации четботот давал попрецизни одговори дури и кога корисникот бил груб.
Povezane vijesti

Николоски: Одржана е координација по кражбата и уништувањето на енергетската инфраструктура за железницата

Гостивар излегува од врвот на епидемијата! Водата сè уште нема зелено светло за употреба
