klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Литванскиот министер за надворешни работи во официјална посета на Македонија

Литванскиот министер за надворешни работи во официјална посета на Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·28. 06. 2026. 12:36:01

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, утре во официјална посета на Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис (Kęstutis Budrys), соопшти МНРиНТ. Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, соработката во рамките на НАТО, како и литванската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија. Во рамките на посетата, министерот Будрис ќе оствари тет-а-тет средба со својот домаќин, министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti