Crna kronika Sjeverna Makedonija
Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, одзеле пари од каса на маркет

Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 07. 2026. 10:32:05
Лишени од слобода се крадци во Стар Дојран, кои одзеле пари од каса на маркет, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - На 18.07.2026 во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени, информира полицијата. Известени се јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центарот за социјални работи Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


