klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Лишен од слобода 19- годишник кој преку мобилен испраќал експлицитни видеа од поранешната девојка на трети лица

Лишен од слобода 19- годишник кој преку мобилен испраќал експлицитни видеа од поранешната девојка на трети лица
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·09. 08. 2026. 13:28:31

Полициски службеници лишиле од слобода 19- годишник, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и испраќал навредливи пораки, достапни за трети лица. На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, таквите видеа и снимки ги направил достапни за трети лица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti