Лимани: Младите се наш највреден ресурс – заеднички да создадеме повеќе можности тие да останат дома

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска го отвори координативниот состанок со меѓународните партнери посветен на напредокот во спроведувањето на Националната стратегија за млади и можностите за понатамошна соработка во областа на младинските политики. На настанот присуствуваа резидентната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија, д-р Рита Колумбија, претставници на Германското друштво за меѓународна соработка - ГИЗ, Регионалната канцеларија за младинска соработка на земјите од Западен Балкан (РИКО), дипломатскиот кор, меѓународни организации, донаторската заедница, институции и партнери кои активно придонесуваат во креирањето и спроведувањето на младинските политики. Во своето обраќање, министерот Лимани истакна дека средбата не е само презентација на постигнатото, туку повик за засилена координација и заедничко делување во интерес на младите. „Младите се наш највреден ресурс. Денес тие се соочуваат со избор што ја одредува иднината на државата – дали ќе останат и ќе ја градат својата иднина тука или ќе ја побараат надвор од земјата. Затоа младинските политики не се само прашање на една генерација, туку прашање на демографската одржливост, економскиот развој и иднината на Северна Македонија“, порача Лимани. Тој нагласи дека Министерството работи на создавање систем што ќе им обезбеди на младите повеќе можности, квалитетни услуги, активно учество и поддршка за личен и…
Povezane vijesti

(VIDEO) Knežević najavio 'političku nuklearnu bombu': Tvrdi da će srušiti Vladu Crne Gore

Stanišić: Evropski parlament spreman za uključivanje poslanika iz Skupštine Crne Gore
