klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, најави враќање во земјата

Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, најави враќање во земјата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·29. 06. 2026. 06:31:22

Лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, планира да се врати во земјата по разорните два земјотреса од минатата недела. Протераната лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, синоќа изјави за американски „Фокс њуз“ дека „е дојдено време“ да се врати дома. „Моја должност е да го придружувам мојот народ. Треба да бидеме заедно, да се прегрнуваме, да тагуваме и да жалиме заедно“, рече таа. Мачадо рече дека има намера „многу скоро“ да биде во Венецуела, пренесе ДПА. Повеќе од 1.430 лица загинаа, а илјадници други се повредени во двата земјотреса што се случија во средата. Се верува дека илјадници сè уште се заробени под урнатините по последователните земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени. Мачадо со месеци наназад редовно го најавуваше своето непосредно враќање во татковината. Меѓутоа, според извештај во Њујорк тајмс, американската влада смета дека таквото брзо враќање е несоодветно. Таа во декември ја напушти Венецуела за да ја прими Нобеловата награда за мир во Осло и остана во странство, бидејќи беше под закана од апсење. На почетокот на јануари, Вашингтон започна воена операција во Венецуела, заробувајќи го лидерот Николас Мадуро. Откако Мадуро беше заробен, јужноамериканската земја е управувана од вршителката на должноста претседателка, Делси Родригез…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti