klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·24. 08. 2026. 06:32:49

Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија „Зе-Де-Еф“ емитувано вчера. „На Германија и беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел, тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабела германската економија и го намалила богатството на домаќинствата. Во однос на миграцијата, таа најави затворање на германските граници и излез на Германија од Шенген-зоната. „Ќе ги затвориме и ќе излеземе од Шенген“, рече Вајдел. Таа се заложи и за поголем број депортации и ограничено доделување германско државјанство, вклучително и враќање на Сиријците на кои повеќе не им важи статусот на заштита. Вајдел истовремено ги критикуваше партиите ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц и СПД на министерот за финансии, Ларс Клингбајл, повторно напаѓајќи ја ЦДУ поради одбивањето да соработува со АфД. „Ќе владееме со првите покраини. А ќе владееме и на федерално ниво“, порача Вајдел. Партијата АфД во пресрет на изборите во областа Саксонија-Анхалт закажани за 6 септември, според анкетите има поддршка од повеќе од 40 отсто од гласачите. На национално ниво испитувањата на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti