Лидерите на ЕУ ги бранат украинските напади врз руските рафинерии

Неколку лидери од Европската унија денеска изразија поддршка за украинската стратегија за напади врз руските рафинерии, и покрај критиките од американскиот претседател Доналд Трамп. „Колку побрзо сите руски рафинерии и капацитетот за продажба на енергенси бидат разнесени во парчиња, толку подобро“, изјави денеска естонскиот премиер Кристен Михал, при пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел, пренесен од германската агенција. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за „Фајненшел тајмс“, најави нови напади врз руските нафтени рафинерии. Ова доаѓа и покрај повикот на Трамп да се прекинат нападите врз енергетските постројки, при што тој ја обвини војната во Украина за порастот на цените на дизелот. Зеленски во повеќе наврати ги критикуваше плановите на Трамп за увоз на дизел од Русија, со цел да се намалат рекордно високите цени на горивата, а за возврат да се олеснат санкциите кон Москва, потсетува ДПА. „Понекогаш, дури и на добрите пријатели им е потребен потсетник за тоа што е исправно“, рече Михал, осврнувајќи се на неодамнешните одлуки на САД во однос на Русија, јави ДПА. Доколку Украина престане со нападите врз руската енергетска инфраструктура, додека Русија продолжува да ја напаѓа украинската инфраструктура, тоа би довело до „колапс во оваа војна“, изјави летонскиот претседател Гитанас Науседа. „Ние…


