Лице палело гуми во двор, пожарот се проширил во шумата кај Бигла

Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи сили од Делчево, како и пожарникари и екипи од соседните противпожарни единици. - Неодговорно лице палело гуми во својот двор во селото Бигла, кое е село од разбиен тип, односно куќите се распоредени на неколку ридови. При тоа, лицето изгубило контрола врз огнот, по што огнот се проширил во блиската шума. Во моментов во Бигла има голем шумски пожар во борова шума. Од страна на градоначалникот веднаш се ангажирани сите расположливи сили од Делчево. На терен се излезени пожарникари, а побарана е помош и од соседните противпожарни единици. Во моментов кон местото на пожарот се упатуваат и три „ер трактори“ од Дирекцијата за заштита и спасување, а веќе е упатен и хеликоптер на полицијата - изјави Ангелов. Тој дополнува дека…


