klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Либан тврди дека израелските сили повторно исфрлиле ракети и фосфорни бомби

Либан тврди дека израелските сили повторно исфрлиле ракети и фосфорни бомби
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 15:41:46

Либанската национална новинска агенција (ННА) денеска јави дека израелската армија во синоќешните израелски напади врз градовите Јарун и Бинт Џбејл употребила фосфорни бомби. Според либанските медиуми во израелскиот напад врз Јарум опустошени се 120 хектари насади со маслинки и борова шума. Израелската армија ниту ги потврди ниту ги демантираше нападите врз двата либански града, ниту одговори на обвинувањата за употреба на фосфорни бомби. Израел повеќе пати е обвинуван дека употребил фосфорни бомби при напади врз населени места во јужен Либан. Меѓународната невладина организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ кон крајот на март ја осуди незаконската употреба на муниција од бел фосфор за време на артилерискиот напад врз градот Џочмор, неколку дена по почетокот на израелската офанзива против Хезболах. Меѓународното хуманитарно право строго ја забранува употребата на бел фосфор поради неговите запаливи својства. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti