klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Леклер: Ривалите ни бегаат, мора итно да реагираме

Леклер: Ривалите ни бегаат, мора итно да реагираме
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·15. 10. 2026. 05:18:53

Ферари се соочува со сериозен предизвик во Формула 1, откако по одличниот период во средината на сезоната почна да губи чекор со главните конкуренти. Шарл Леклер смета дека претстојниот развоен циклус ќе биде клучен за тоа дали италијанскиот тим ќе успее да се врати во борбата со најдобрите. Возачот од Монако заврши на второто место на Големата награда на Сингапур, првпат враќајќи се на подиумот по трката во Белгија. Сепак, добриот резултат не може целосно да ги прикрие проблемите на Скудерија, која во осумте трки по победата на „Силверстон“ забележа само три пласмани на подиумот. Најголемиот напредок во последниот период го направи Ред Бул, чиј нов пакет надградби му овозможи на Макс Верстапен повторно да се бори за победи. Холанѓанецот триумфираше на две од последните три главни трки, а славеше и на спринтот во Сингапур, со што дополнително ја зголеми заканата за своите конкуренти. Леклер смета дека Ферари во последните трки постепено ја губи предноста во однос на Ред Бул, Мерцедес и Мекларен. Според него, клучот за продолжението на сезоната ќе биде брзината со која тимовите ќе успеат да воведат нови технички решенија. -Прерано е да се каже, но вистината е дека донесовме неколку помали делови за болидот, овде-онде, кои…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti