klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Легендарниот дрес на Пеле продаден за речиси пет милиони $

Легендарниот дрес на Пеле продаден за речиси пет милиони $
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·20. 07. 2026. 14:10:36

Дресот што Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,9 милиони долари на аукција на куќата „Сотбис“ во Њујорк. Станува збор за вториот најскап фудбалски дрес продаден на аукција. Пред него е само дресот што Диего Марадона го носеше против Англија на Мундијалот во 1986 година, кога го постигна прочуениот гол со „Божјата рака“. Тој дрес во 2022 година беше продаден за околу 9,3 милиони долари. За дресот на Пеле пристигнале вкупно десет понуди од повеќе од пет заинтересирани купувачи. Со оваа продажба, тој стана највредниот предмет поврзан со бразилската фудбалска легенда што некогаш бил продаден на аукција. Особено впечатливо е зголемувањето на неговата вредност. Истиот дрес во 2004 година бил продаден за 105.600 долари, што покажува колку пораснала неговата цена во изминатите две децении. Пеле во финалето на Светското првенство во 1958 година против Шведска постигна два гола како 17-годишник и му ја донесе на Бразил првата од неговите три светски титули. Тој и натаму го држи рекордот како најмлад фудбалер што постигнал гол во финале на Светско првенство. „Денешниот резултат е силна потврда за трајното наследство на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Овој дрес не е само вечен потсетник…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti