Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. интегрален текст од прес-конференцијата на Лефков Овие лица кои постојано повторуваат треба да одиме во ЕУ, треба да се интегрираме во Унијата очигледно само тоа го знаат – да кажуваат зборови во празно и да слугуваат. Истите тие не можеме никако да ги слушнеме да кажат нешто паметно, освен како што кажав, повторување на празни зборови. Зошто празни зборови? Па, Филипче знае само да зборува во празно и да слугува на Бугарија и тоа, дури и кога овој наш сосед јасно ги крши дипломатските правила. Филипче не најде за сходно да го спомне фактот како Бугарија крши дипломатски правила, а не пак да го осуди чинот со објавување документ со податоци од чувствителна безбедносна природа поврзани со семејството на премиерот. По ова, дополнително на јавноста и станува јасен…


