Лефков: Филипче да не се фали со одлуки на обвинителството, ваквите постапки му штетат на патот на Македонија кон ЕУ

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека се фали со одлуката на обвинителството да не покрене обвинение во случајот со 19-те модуларни болници, од кои една беше зафатена од пожар во кој животот го загубија 14 пациенти. „Венко Филипче се фали што обвинителството не покренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти“, изјави Лефков на прес-конференција. Тој посочи дека, според него, Филипче не треба да ја претставува одлуката како политички успех, оценувајќи дека станува збор за одлука на обвинителство за кое, како што рече, јавноста има ниска доверба. „Замислете, Филипче се фали со дел од правосудството кое има два проценти доверба, конкретно обвинителството и обвинителот Ислам Абази, човек близок на ДУИ и СДС“, рече Лефков. Според него, обвинителот Абази со одлуката за случајот „застанал зад Филипче“, а Лефков тврди дека при изградбата на модуларните болници биле прекршени законски и стручни процедури. „Филипче дозволил изградба на модуларните надвор од сите правила на законот за градење, мислел само на задоволување на личните и партиските интереси, не ги слушал стручњаците од Министерството за здравство“, изјави Лефков. Лефков оцени дека ваквите одлуки на обвинителството можат да…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
