Леброн ќе игра за Филаделфија, а ќе живее во Њујорк? На тренинзи и натпревари ќе оди со хеликоптер

Во НБА речиси ништо не изгледа невозможно, а новата идеја поврзана со Леброн Џејмс би можела да биде една од најнеобичните во историјата на лигата. Според информациите што кружат во американските медиуми, доколку официјално стане играч на Филаделфија 76ерс, „Кралот“ нема да живее во Филаделфија, туку ќе ја задржи својата резиденција во Њујорк. Уште понеобично е тоа што до тренинзите и натпреварите би патувал со приватен хеликоптер, минувајќи ги околу 150 километри што ги делат двата града. Летот трае околу 45 минути, што е значително побрзо отколку патувањето по пат. Наводно, раководството на Филаделфија е подготвено да му овозможи голема слобода во организирањето на неговото секојдневие и обврските во текот на сезоната. Сепак, реализацијата на ваквиот план нема да биде едноставна. Њујорк има строги ограничувања за користење на воздушниот простор, а по неколку несреќи во изминатите години значително се намалени дозволите за приватни летови. Дополнителен проблем претставуваат и временските услови, особено во зимскиот период, кога маглата, силниот ветер и снегот можат да предизвикаат одложувања или целосно да ги приземјат хеликоптерите. Според пресметките на американските медиуми, секое патување меѓу Њујорк и Филаделфија со хеликоптер чини околу 4.000 долари. Тоа, сепак, не би требало да претставува проблем за Леброн, кој во текот…


