klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ле Пен: Нереално е да се очекува дека одлуката на Касациониот суд би можела да ја загрози кандидатурата

Ле Пен: Нереално е да се очекува дека одлуката на Касациониот суд би можела да ја загрози кандидатурата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·12. 07. 2026. 20:23:35

Лидерката на француската крајна десница, Марин ле Пен, денеска во интервју за „Журнал ди Диманш“ оцени дека е „нереално“ да се очекува дека одлуката на Касациониот суд би можела да ја загрози нејзината кандидатура на претседателските избори и истакна дека нејзините противници „сакаат оваа кампања да се сведе на правни спорови наместо на политичка дебата“. - Јас сакам таа да биде демократска и нема да дозволам никому на Французите да им ги одземе овие претседателски избори – изјави лидерката на Националното собрание (РН), пренесува телевизијата БФМ. Марин Ле Пен во вторникот, на 7 јули, ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2027 година, по одлуката на Апелациониот суд со која ѝ беше вратено правото да се кандидира, но воедно ѝ беше изречена казна од една година носење електронска алка за нога. Таа казна засега е одложена поради жалбата до Касациониот суд што Ле Пен има намера да ја поднесе. На прашањето дали постои можност Касациониот суд да ја одбие нејзината жалба пред првиот круг на претседателските избори на 18 април 2027 година, Ле Пен одговори дека не сака да се води по претпоставка која не е реална. - Имам право да се кандидирам, кандидатка сум и сметам дека сум…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti