klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ласовска до Крмов: Зошто ако сметате дека ова е пазар и непринципиелна поделба на колачот вие учествувавте во локалната власт на Град Скопје?

Ласовска до Крмов: Зошто ако сметате дека ова е пазар и непринципиелна поделба на колачот вие учествувавте во локалната власт на Град Скопје?
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·13. 07. 2026. 11:20:06

На денешната собраниска седница, меѓу другите, збор побара и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која излезе со критика за говорот на пратеникот од политичката партија Левица, Борислав Крмов. Коментирајќи го неговиот говор кој го оцени како непринципиелен, Ласовска го потсети Крмов дека тие беа дел од минатата локалната власт во Град Скопје со директорски, заменик директорски и советнички места и го запраша зошто не се откажале тогаш, ако сметаат дека поделбата на власта во Македонија, согласно политичкиот систем, е пазар и непринципиелна поделба на колач? „Сметам дека имате непринципиелен говор од две причини. Ќе се задржам само на делот каде што говорите за непринципиелна поделба на колач и пазар, а и тука практично ги кажувате вашите, наводни, Чегевара принципи. Зошто правам споредба во делот на партиципирањето ваше како левица во локалната власт? На исти начин се делат и местата во локалната власт. Зошто тогаш вие како, еве, нели многу принципиелна партија, имаме можност да споредуваме каква власт сте биле, односно како вие сте партиципирале во власта, зошто не сте ги одбиле овие позиции? Сте имале директорски позиции, сте имале советнички позиции, заменички директорски позиции и ако сметате дека ова е непринципиелен начин на поделба на власта, а таков е политичкиот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti