Ламин Јамал и Педро Поро отсуствувале од тренингот на Шпанија

Ламин Јамал и Педро Поро би требало навреме да се опорават од повредите добиени во полуфиналето со Франција,иако не тренираа на последниот тренинг со својата репрезентација. Поради непријатностите во бутниот мускул Јамал денеска не тренирал со остатокот од репрезентацијата. Од тренингот отсуствувал и десниот бек Педро Поро, кој почувствувал затегнатост во мускулот. Селекторот Луис де ла Фуенте потврди дека станува збор за мускулен проблем, но не откри дополнителни детали. И покрај почетната загриженост во Шпанија, последните информации се охрабрувачки. Тамошните медиуми пренесуваат дека и Јамал и Поро успешно закрепнуваат и се очекува да бидат подготвени за финалниот натпревар против Аргентина. Големото финале на Светското првенство ќе се одигра во недела со почеток од 21:00 часот.
Povezane vijesti

U Budućnost Voli stigao reprezentativac Južnog Sudana sa evroligaškim iskustvom
Меџити ги пречека делегациите на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“
