Politika Sjeverna Makedonija
Лајен му се заблагодари на Ердоган за самитот на НАТО во Анкара

Kurir.mk·Валентина Стојановска·09. 07. 2026. 06:56:03
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен денеска на Х му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за гостопримството самитот на НАТО во Анкара. „ЕУ и Турција се стратешки партнери и ние сме посветени за зајакнување на нашите односи. Во еден попредизвикувачки свет, нашето партнерство е поважно од кога било. Турција е важен партнер во справувањето со кризите на Блискиот Исток и во поддршката на напорите за праведен и траен мир во Украина“, напиша Лајен. Таа исто така нагласи дека мора да се искористи „обновениот моментум“ за да се унапреди решавањето на кипарското прашање преку процесот предводен од ОН. (МИА)
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


