klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Лафчиски: Обуките за пилоти и техничари за хеликоптерите од „Леонардо“ се во тек, првите две летала ќе пристигнат до крајот на годината

Лафчиски: Обуките за пилоти и техничари за хеликоптерите од „Леонардо“ се во тек, првите две летала ќе пристигнат до крајот на годината
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·02. 07. 2026. 10:17:50

Во тек се обуките за пилоти и техничари за воените повеќенаменски хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“, од кои првите два треба да пристигнат до крајот на годината. - Пакетот предвидува обуката првин да биде таму, а како што ќе ги добиваме хеликоптерите, така дополнително ќе се дообучуваат пилоти и техничари. Тоа е во првата фаза. Кога ќе се стекнат со потребното искуство и потребните сертификати, тогаш нема никаков проблем таа обука да ја реализираме и тука - изјави денеска началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Владо Мисајловски, на која дадоа отчет за двегодишниот мандат, Лафчиски посочи дека состојбата во воздухопловниот ВИНГ е мрдната од мртва точка и дека работите се движат во позитивна насока. Се работи и на тоа школски воздухоплови, кои се дел од воздухопловниот ВИНГ, да се оспособат и да се користат за продукција на нови пилоти. - Ова е нешто што десетици години е ставано на страна. Заедно со Воената академија веруваме дека ќе ја оспособиме катедрата, но, пред сè, треба да ги поправиме овие два модели на авиони, кои се дел од воздухопловниот ВИНГ. Излеговме од мртва точка или од лошата основа во која се наоѓаше ВИНГ…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti