klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кузманоска: Со овој ребаланс инвестираме и во идните можности за вработувања и претприемништво

Кузманоска: Со овој ребаланс инвестираме и во идните можности за вработувања и претприемништво
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 07. 2026. 11:34:50

„Зад секоја ставка во овој ребаланс стојат ученици, родители, земјоделци, пензионери, работници, стопанственици и општини кои очекуваат државата да ги препознае нивните потреби“, кажа пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. Кузманоска посочи дека доколку се погледнат бројките од овој ребаланс најголемото зголемување се забележува кај капиталните расходи, кои се зголемуваат за 5 милијарди 814 милиони денари т.е. за 14,5% и достигнуваат скоро 46 милијарди денари. „Тоа значи повеќе инвестиции, повеќе патишта, повеќе училишта и болници, повеќе проекти во општините и мислам дека сите ќе се согласиме дека токму таму треба да се инвестира, затоа што капиталните инвестиции пред сè не се трошок, тие се вложувања во иднината. Во исто време со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за здравство, за социјална заштита, за земјоделците, за студентскиот и ученичкиот стандард, за породилните надоместоци, како и за мерката МојДДВ. Исто така се обезбедуваат и 1 милијарда 128 милиони денари за плати и надоместоци, повеќе од првично планираното, односно раст од 2,1%“, појасни Кузманоска. Пратеничката Кузманоска исто така, потсети дека македонската економија во повеќе последователни квартали бележи стабилен раст од над 3%, додека истовремено се овозможени и над 18,000 нови работни места, кој резултат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti