klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Кузманоска: 5,4 милиони евра финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, втор повик од Оперативниот план за вработување 2026

Кузманоска: 5,4 милиони евра финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, втор повик од Оперативниот план за вработување 2026
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·15. 07. 2026. 11:24:17

Интегрален текст од говорот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска: „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува и докажува како се работи во интерес на граѓаните, развојот на стопанство и раст на економијата. Се преземаат мерки и се имплементираат политики кои значат вработување на македонските граѓани, зголемување на вработеноста преку мерки за самовработување и отворање на нови работни места. Во оваа насока Владата донесе Оперативен план за вработување за 2026 година, во чии рамки е отворен и јавниот повик за финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“ во микро, мали и средни претпријатија, во социјални претпријатија, граѓански организации. Основна цел на мерката е поддршка со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра и креирање на нови работни места. Со мерката една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања. Ова претставува одлична можност за македонските стопанственици кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис, со отворање на нови работни места и со тоа да придонесат за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на македонските граѓани. Почитувани, По јавниот повик за самовработување кој беше…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti