Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран ги нападнал со ракети и беспилотни летала

Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран синоќа ги нападнал со ракети и беспилотни летала, откако САД извршија напад врз Исламската Република. Кувајт и Манама ги осудија иранските напади, иако не беше веднаш јасно дали е предизвикана некаква штета. Претходно, Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека нападнала „инфраструктура за надзор, комуникациски системи, цели за воздушна одбрана, складирање беспилотни летала и можности за поставување мини“ на иранската војска по вчерашниот напад врз брод на море. Танкерот со панамско знаме, превезувал сурова нафта за државната енергетска компанија на Катар, која е клучен посредник меѓу Иран и САД. Новото гранатирање во Персискиот Залив дополнително го загрозува прелиминарниот договор склучен меѓу Техеран и Вашингтон како прв чекор кон трајно решавање на конфликтот. МИА
Povezane vijesti

Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран ги нападнал со ракети и беспилотни летала

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
