klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Куманово утре со прва авионска дезинсекција против комарци, ќе бидат опфатени 1.270 хектари

Куманово утре со прва авионска дезинсекција против комарци, ќе бидат опфатени 1.270 хектари
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 08:08:23

Општина Куманово утре (2 јули) ќе ја спроведе првата авионска дезинсекција против комарци за оваа сезона. Третманот ќе започне во 5:00 часот наутро и ќе се изведува на територијата на целата општина. Според информациите од локалната самоуправа, со авионското прскање ќе бидат опфатени вкупно 1.270 хектари, вклучувајќи ги подрачјата покрај реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници „Бабин Дол“, „Гоце Делчев“ и „Тоде Мендол“, централното градско подрачје, како и пречистителната станица на ЈП „Водовод“ во селото Доброшане. -При извршување на третманот ќе се користи препаратот Aqua Perm-X 30-30. Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите-информираат од општината. Доколку временските услови не дозволат да се изврши дезинскецијата, третманот ќе биде спроведен првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни и граѓаните дополнително ќе бидат информирани. За авионско третирање со инсектицид против комарци – возрасна форма општината одвои над 1, 5 милиони денари од буџетот (1.569.376,40). Општина Куманово за услуги кои се извршуваат неколку пати во годината, за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки, комарци и глодари од општинскиот буџет оддели над еден милион денари (1.112.400,16). (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti