klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Кукуноска добитничка на регионалното признание „Women Entrepreneurs of the Year 2026 – Western Balkans“

Кукуноска добитничка на регионалното признание „Women Entrepreneurs of the Year 2026 – Western Balkans“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·09. 07. 2026. 15:30:00

Членот на Управниот одбор на ССКМ, Марија Кукуноска, добитничка на регионалното признание „Women Entrepreneurs of the Year 2026 – Western Balkans“. М-р Марија Кукуноска, член на Управниот одбор на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и извршен директор на Premium Safety Solution, е добитничка на престижното регионално признание „Green Woman Entrepreneur 2026“, доделено во рамки на иницијативата „Women Entrepreneurs of the Year 2026 – Western Balkans“, организирана од Советот за регионална соработка (RCC). Признанијата беа врачени минатата недела на свечена церемонија во Сараево, Босна и Херцеговина, при што беа одликувани жени претприемачи кои со својата работа придонесуваат за иновациите, одржливиот развој, креативната индустрија, дигиталната трансформација и економскиот напредок на земјите од Западен Балкан. Годинава признанијата беа доделени во шест категории, а добитничките беа избрани од речиси 180 кандидатки од земјите од регионот. Настанот се одржа во пресрет на Форумот за родова еднаквост во рамки на Берлинскиот процес и обедини претставници на институциите, бизнис-заедницата и меѓународните организации. М-р Кукуноска го доби признанието во категоријата „Green Woman Entrepreneur“, како признание за нејзиниот придонес во развојот на одржливи и одговорни деловни практики преку компанијата Premium Safety Solution, со особен фокус на безбедноста, превенцијата и управувањето со ризици. По повод признанието, Кукуноска истакна…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti