Кујната на „Рустика Вединг Хол“ повторно е во функција: Конечните наоди за случајот со труењето во Прилеп не утврдија пропусти во работењето

Како „Рустика Вединг Хол“, компанија со долгогодишно искуство во обезбедување кетеринг услуги за голем број компании, институции и приватни настани, ја информираме јавноста дека, по завршувањето на инспекциските постапки и добивањето на конечните лабораториски наоди што следеа по случајот со труењето во Прилеп, нашата кујна повторно е во функција, велат од компанијата. Во продолжение следува нивното соопштение до јавноста: Од самиот почеток бевме посветени на целосна транспарентност и одговорност кон нашите клиенти, партнери и јавноста, поради што сакаме да ве информираме за исходот од спроведените инспекциски контроли и лабораториски анализи. Сите досега спроведени инспекциски контроли и лабораториски анализи потврдија дека не се утврдени санитарно-хигиенски или санитарно-технички недостатоци, ниту контаминација во работните простории, кујната и анализираните примероци од храната. Дополнително, лабораториските анализи на примероците од храната не утврдија присуство на бактерии или друга контаминација, што потврдува дека во анализираните примероци не се констатирани отстапувања од пропишаните стандарди за безбедност на храната и важечките законски прописи. Пред сè, искрено жалиме за непријатностите што ги претрпеа сите засегнати од овој настан. Искрено се надеваме дека сите кои беа погодени од случувањата се чувствуваат добро и дека оваа непријатна ситуација е зад нив. Од самиот почеток целосно и транспарентно соработувавме со Државниот санитарен и…
Povezane vijesti

Во прилепска компанија со храна се затруле 41 работник, затворени се трпезаријата и кујната на кетеринг-фирмата

ЗАТВОРЕНИ КЕТЕРИНГ-ФИРМА И МЕНЗА ВО ПРИЛЕП по труењето на 41 вработен во „Микросам“
