klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Крстевска: При брз развој и дигитализација на финансиските услуги, потребата за финансиски знаења забрзано расте

Крстевска: При брз развој и дигитализација на финансиските услуги, потребата за финансиски знаења забрзано расте
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·30. 06. 2026. 07:05:10

„При мерење на финансиската писменост се оценува способноста за ефикасно управување со личните финансии, коешто, меѓу другото, подразбира знаење и способност за планирање на буџетот, рационално трошење, како и разбирање на основните финансиски концепти за штедење и инвестирање средства“. Ова го истакна главната економистка на Народната банка Анета Крстевска во интервју за „Слободен печат“, при што нагласи дека финансиската писменост во земјава постепено се подобрува, но поради брзиот развој на дигиталните финансиски услуги, потребно е постојано надградување на знаењата. Крстевска посочи дека Народната банка презема активности за подобрување на финансиската писменост на населението од сите возрасни групи, со посебен акцент на младите кои се во фаза на образование. Општо земено, младите покажуваат поголем интерес за дигиталните финансиски услуги и се посклони кон вклучување во современите дигитални текови. „Следствено, во современи услови, кога има широк пристап до информации преку интернет, треба да се посвети должно внимание на соодветното едуцирање на младите и на нивното правилно насочување во доменот на користењето на финансиските услуги“, истакна главната економистка. Осврнувајќи се на заштитата на потрошувачите, таа нагласи дека Народната банка, покрај регулаторните активности, обезбедува и практични алатки за споредба на кредитите, депозитите, како и на надоместоците за платежни услуги, а со новата регулатива дополнително…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti