klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители

Кривична за две физички и едно правно лице за намерно предизвикување стечај и оштетување или повластување на доверители
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·07. 07. 2026. 11:39:26

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“. Како што информираат од Управата, првопријавениот Ѓ. З., во својство на управител и сопственик на правното лице, како законски застапник и овластено лице за располагање со средствата и сметките на правниот субјект, во содејство со второпријавениот А. С., во периодот од 2022 година до 2024 година, дејствувајќи заеднички и со однапред утврдена намера, презеле дејствија насочени кон намерно доведување на правниот субјект во привидна финансиска немоќ и економска пропаст. -Во реализација на оваа намера, пријавените, спротивно на должноста за совесно, одговорно и законито управување со имотот и средствата на друштвото, склучувале штетни договори и вршеле пренос на парични средства и друг имот на лица блиски до првопријавениот Ѓ. З., без постоење реален правен и економски основ за таквите трансакции. Дополнително, првопријавениот, користејќи ја својата положба на управител, склучил договори за отуѓување на движен и недвижен имот во сопственост на друштвото по цени кои биле очигледно и значително пониски од нивната реална пазарна вредност…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti