klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Кривична пријава за „проневера во службата“ и „перење пари и други приноси од казниво дело”

Кривична пријава за „проневера во службата“ и „перење пари и други приноси од казниво дело”
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 10. 2026. 10:21:13

На 15.10.2026 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против И.С. (47) од Скопје за „проневера во службата” (чл.354 ст.5 во врска со ст.1) и „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ и против правно лице од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело” (чл.273 ст.1) од КЗ. И.С. во својство на овластено лице на пријавеното правно лице, кое имало овластувања за вршење на технички преглед на возила во периодот од 01.01.2021 до 20.01.2026 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист во износ од 6.803.900 денари, изготвувал и доставувал лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила до Јавно претпријатие за државни патишта, Црвен Крст, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Mинистерство за животна средина и општините. Изготвувањето на извештаите и лажирањето на податоците биле извршувани во содејство со лицето С.С., кои како овластени лица за изготвување и потпишување на фактури и доставување на извештаи до надлежните институции со цел прикривање на паричните средства на наплатените парични средства преку две правни лица и осигурително брокерско друштво од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti