klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица од СДСМ и други две лица за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица од СДСМ и други две лица за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·16. 10. 2026. 11:02:23

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против К.К.(36) од Струмица, во времето на сторување на кривичното дело градоначалник на Општина Струмица, С.Р. (38) од Струмица, во времето на сторување на кривичното дело раководителка на Сектор за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица и Ј.П.(60) од Битола, во времето на сторување на кривичното дело управител на правно лице од Битола (сега ликвидирано) поради основано сомневање дека К.К. и С.Р. сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 ст.1, а Ј.П. сторил кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по чл.378 ст.1 од КЗ. К.К. и С.Р. во 2022 година ја злоупотребиле својата службена положба така што овозможиле на правно лице да легализира бесправно изграден објект на парцела во с.Куклиш. Имено, легализацијата е извршена така што од страна на С.Р. било побарано од Ј.П. да изготви елаборат за бришење на објекти на катастарска парцела во Куклиш и таквиот елаборат да го искористат за бришење на објекти кои биле во сопственост на Општина Струмица, со цел катастарската парцела да добие чист имотен лист. Од страна на Ј.П. е изготвен елаборат и технички извештај со невистинита содржина дека на лице место не постојат објекти и како…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti