КРАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБИТЕ: GPS уреди за службените возила на Град Скопје и јавните претпријатија

Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакнува дека системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. -Кога со парите на граѓаните се раководи како со сопствениот домашен буџет, тогаш се внимава на секој денар, секој трошок и на секоја можна злоупотреба. Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на гориво, со што директно ги лоцираме нелогичните трошоци и ја оптимизираме работата. Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување, нагласува скопскиот градоначалник. Ѓорѓиевски вели дека ова е систем на одговорност и затоа сакаат со сопствен пример да покажат дека Град Скопје максимално го штити буџетот на граѓаните и дека функцијата не е привилегија, туку обврска. -Затоа, почнуваме од себе. Јас користам сопствено возило и горивото го плаќам од сопствениот буџет. Службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на градот. А дека домаќинскиот пристап носи резултати, покажуваат и бројките. ЈСП…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
