klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во првиот круг во Брвеница, на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедлива победа во првиот круг во Брвеница, на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·19. 10. 2026. 09:38:34

Најнапред, дозволете ми да упатам искрена благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои вчера излегоа на гласање и го остварија своето демократско право на глас, се наведува во соопштението од прес - конференцијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Драган Ковачки, што МИА ја пренесува интегрално. Особена благодарност до сите граѓани кои ја дадоа својата доверба и поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски. Вчерашниот изборен ден завршува со одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ и со силна поддршка за нашиот кандидат. Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласови и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг. Опозицијата составена од СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е резултат кој не прави горди, но пред се и не обврзува. Му честитам на Стојанчо Радичевски за постигнатиот резултат, за посветеноста и за енергијата со која ја водеше кампањата. Благодарност и до сите наши членови, активисти, симпатизери и поддржувачи кои во изминатиот период неуморно работеа, разговараа со граѓаните, ги слушаа нивните потреби и придонесоа за успехот. Посебно сакам да ја истакнам позитивната атмосфера, заедништвото и големата енергија што ги почувствувавме во Брвеница во текот на оваа кампања. Разговорите со граѓаните, искрените средби, подадената рака и поддршката што…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti