klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Ковачки: Ние сме Македонци, тоа не е политичка определба, тоа е нашиот корен, нашиот јазик, нашата култура, нашата Црква и нашата историја

Ковачки: Ние сме Македонци, тоа не е политичка определба, тоа е нашиот корен, нашиот јазик, нашата култура, нашата Црква и нашата историја
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·02. 08. 2026. 12:23:58

Ние сме Македонци, тоа не е политичка определба, тоа е нашиот корен, нашиот јазик, нашата култура, нашата Црква и нашата историја, истакна Драган Ковачки, пратеник и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, на денешната Семакедонска средба во битолско Трново. На традиционалниот собир на македонците од земјава, соседните држави и странство, Ковачки посочи дека ВМРО ДПМНЕ ќе остане партија на македонскиот идентитет. -И денес продолжува битката за вистината, за достоинството и за идентитетот. Таа се добива со знаење, со единство, со чесност и со силна држава. Нашата обврска е да изградиме Македонија во која младите ќе остануваат, во која ќе владеат правдата, редот и достоинството. Тоа е современиот Илинден. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била и ќе остане партија на македонскиот идентитет. Не партија на моментот, туку партија на континуитетот. Ние не ги менуваме убедувањата според ветровите што дуваат однадвор. Ние стоиме и постоиме за тоа што нашите предци го платија со крв, за правото на Македонците да одлучуваат сами за себе - истакна Ковачки. Во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, Ковачки посочи дека за да Македонија биде силна, мора да постои единство. -Денеска, кога светот влегува во немирни води, кога безбедноста, идентитетот и сувереноста повторно стануваат прашања од…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti