klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Ковачки: 10 прилепски бранители ја платија највисока цена, жртва како потсетник дека слободата и државата се бранат, а не се предмет на пазарење

Ковачки: 10 прилепски бранители ја платија највисока цена, жртва како потсетник дека слободата и државата се бранат, а не се предмет на пазарење
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·08. 08. 2026. 08:46:41

Денеска се навршуваат 25 години од најголемиот масакр врз припадници на безбедносните сили во 2001 година. На 8 август 2001 година кај Карпалак, во заседа, животот го загубија 10 прилепски бранители, објави пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. За својата татковина Македонија животот го дадоа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. -За многумина во нашата татковина тоа беше обичен августовски ден, но за овие момчиња тоа беше денот во кој ја одбраа Македонија. И ја платија највисоката цена. Нема поголем чин од подготвеноста да паднеш за татковината, семејството и вредностите што ги браниш. 25 години подоцна, се сеќаваме на нивната жртва. Жртва како потсетник дека слободата и државата се бранат, а не се предмет на пазарење. Вечна им слава на македонските бранители, се наведува во фејсбук објавата на Ковачки.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti