klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

КОСТОВ: Валдир Переира – Диди и голови со „сув лист“

КОСТОВ: Валдир Переира – Диди и голови со „сув лист“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·27. 07. 2026. 10:53:27

Симбол на бразилската фудбалска магија и талент На мои 7-8 години татко ми Гога ме однесе на фудбалска утакмица на стадионот во Кочани, каде Осогово играше со скопски Балкан. За време на играта, од клупата каде седеа резервните игачи и тренерот на Осогово неколку пати чув “Диди, оди напред...Диди, шутирај....Диди додавај...“. Тие изрази не ми беа јасни и по утакмицата го прашав татко ми да ми ги објасни. Тој ми кажа дека играчот на Осогово што ја водеше играта од средниот ред има прекар “Диди“ според некој славен играч на Бразил. Ета, така за прв пат го чув името Диди. А Диди е еден од најголемите и највлијателните бразилски фудбалери на сите времиња. Виртуоз во средниот ред на теренот, познат по својата елеганција, извонреден преглед на играта и исклучителните и прецизни слободни удари. Потекнува од сиромашно семејство и имал многу тешко детство. А и судбината си поиграла со него: на 14 години го повредил коленото, добил опасна инфекција, лекарите предлагале ампутација на ногата, некако се спасил од операцијата и станал еден од најдобрите фудбалери и светски првак. Неговата животна приказна е една од најинспиративните во историјата на спортот и фудбалот. Најголем дел од клупската слава ја стекнал играјќи за Ботафого…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti