Костов: Шпанија освои светска титула, а Аргентина се посрамоти

Финале во кое само Шпанија играше фудбал Во вчерашниот есеј од серијалот пишувајќи за фудбалот на иднината, и за иднината на фудбалот, и се заложив за победа на тимскиот дух на фудбалската игра, за победа на Чистата Игра на финалната утакмица на 23-тото светско првенство во фудбал, помеѓу Аргентина и Шпанија. И што се случи? Шпанците ја потврдија мојата теза за тимски дух, за тимска и колективна игра, која секогаш носи резултати, победи и титули. Тие ја победија Аргентина и ја попречија да ја одбрани светската титула. И ништо чудно. Досега само двапати актуелниот светски првак ја одбранил титулата: Италија, во 1938г, кога по втор пат стана светски првак во фудбал, и Бразил 1962г. кога исто така ја одбрани титулата светски првак освоена 1958г. Покрај убавиот и технички дотеран фудбал на Шпанците, видовме и едно големо разочарување, Аргентина, која играше, се ама не модерен фудбал и фудбал што доликува на актуелниот светски шампион. Добро, тоа се случувало и порано и тоа не е ништо чудно, ама ете не го очекувавме. За цел натпревар да не се упати удар на голот, во неговите рамки или блиску до нив, е тоа не го очекував од светскиот првак. Тоа едноставно не е добро…
Povezane vijesti

Olmo, jesi to ti? I što radiš u Zagrebu? Pehar svjetskih prvaka neočekivano osvanuo u centru grada

Невремето ја оштети и дистрибутивната електрична мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
